25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСловенија го намали дефицитот

Словенија го намали дефицитот

slovenijaplataluge1

Словенија во првата половина од годината забележа дефицит во јавните финансии од 996 милиони евра, што е 5,5 проценти од БДП, покажаа ревидираните податоци на државниот статистички завод.

Дефицитот така е намален во однос на истиот период минатата година, кога тој изнесуваше 1,444 милијарди евра, односно 8,2 проценти од БДП, за кој придонесоа еднократните трошоци од 443 милиони евра кои државата мораше да ги издвои за санација на банките, но дефицитот и понатака е висок со оглед на преземените обврски кон Европската комисија. Најголем дел од дефицитот во првата половина од годината го сочинуваат трошоците за подмирување на каматите во износ од 586 милиони евра.

Словенија во ЕУ е во постапка за прекумерен финансиски дефицит, па ЕК од новата влада очекува мерки за намалување на јавните трошоци со цел нето буџетскиот дефицит од сегашните 4,4 проценти да се намали на помалку од три проценти веќе во 2015 година.

Мерките со кои новата влада има намера да ги намали јавните трошоци ќе бидат познати по донесувањето на ребалансот на буџетот за оваа и буџетот за наредната година, што се очекува наскоро.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП