25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИМелничарите бараат да не се воведува условен откуп на пченица додека трае...

Мелничарите бараат да не се воведува условен откуп на пченица додека трае жетвата

melnicari

Опстанокот на мелничарите во земјава е доведен во прашање поради диспаритетот меѓу домашното и увезеното брашно. Тие бараат да не се воведува мерката за условен откуп на пченица додека трае жетвата, зашто тогаш берзанската цена е најниска.

Како што беше речено на денешната прес-конференција во Стопанската комора на Македонија, настанатиот дисбаланс на пазарот со пченица и брашно, поради кои повеќето млинари веќе не работат, дополнително ја комплицираат контролите на граничните премини кои дозволиле увоз на брашно со сомнителен квалитет.

– Во магацините моментално има 30.000 тони пченица откупени по просечна цена од 15,06 денари, што е практично нерентабилно за производство на брашно, истакна Васко Ристовски од Комората.

Минатата година во Македонија се увезени 120.000 тони пченица, што е 40 отсто повеќе во однос на 2011, како и 45.000 тони брашно, што е исто така енормно повеќе.

Според Ристовски, иако досега се реализирани две средби со надлежните институции во врска со барањето на мелничарите, повратен одговор се уште нема.

Преработувачите сметаат дека за надминување на состојбата е неопходно да се засилат контролите на квалитетот при увозот на брашно и да се воведат маркички за евидентирање и подобрување на пазарот со брашно.

Од вкупно 41 регистриран млин во Македонија повеќето се затворени, а од 131 трговец, 81 е увозник на брашно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП