20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЕвропската комисија со казна му се заканува на Apple

Европската комисија со казна му се заканува на Apple

apple kork

Најголемите светски медиумски куќи, меѓу кои се „Reuters“ и „Financial Times“, објавија најнови информации од извори блиски до Европската комисија, а кои се однесуваат на истрагата покрената над „Apple“ во Ирска. Како што се дознава, Европската комисија ќе започне судска постапка против оваа компанија, поради тоа што откриле одредени нелегални активности со кои Ирска на „Apple“ и овозможила плаќање на помал данок.

„Apple“ наводно нелегално користел разни државни стимулативни средства во таа земја и така наместо 12,5%, просечно бил плаќан данок на добивка од дури 2%, па дури и помалку.

Ирска е позната како Мека за прекуокеанските технолошки компании, токму поради својата даночна политика, а таму свои европски седишта меѓу останатите имаат и гиганти како „Google“, „Amazon“, „Facebook“, „PayPal“ и „Twitter“. За избегнување на плаќање данок овие компании неретко ја користат познатата „Double Irish“ стратегија против која веќе неколку години се борат и европските и американските власти.

„Apple“ во ирскиот град Корк моментално вработува околу 4.000 луѓе. Доколку компанијата биде казнета поради избегнување данок, и се заканува плаќање на сите неплатени давачки, како и дополнителна казна чиј износ би можел да се мери во милијарди евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП