26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПораст на бројот на работници во индустријата

Пораст на бројот на работници во индустријата

industrisko proizvodstvo

Бројот на вработени во индустријата бележи раст. Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека во првите осум месеци бројот на работници бележи пораст од 7,4 проценти во однос на овој период лани, а само во август 2014 година во однос на август минатата година порастот изнесува 9,1 проценти.

Индексот на бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – август 2014 година, во однос на периодот јануари – август 2013 година, изнесува 107.4.

Бројот на работници бележи пораст од 11,1 процент во преработувачката индустрија, 1,3 проценти во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација.

Опаѓање на бројот на работници од 3,1 отсто е забележано во секторот Рударство и вадење камен.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во август 2014 година, во однос на август 2013 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 5,9 отсто, Капитални производи за 104,7 отсто, Трајни производи за широка потрошувачка за 6,9 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 3,7отсто, додека опаѓање бележи кај Енергија за 4,7 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП