28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШто се случува со инфлацијата во еврозоната?

Што се случува со инфлацијата во еврозоната?

euroeuroinflation5464

Инфлацијата во 18-члената еврозона во септември повторно се намали, што веројатно ќе изврши дополнителен притисок врз ЕЦБ да преземе дополнителни поттикнувачки мерки.

Потрошувачките цени во еврозоната во септември, на годишно ниво, пораснале за само 0,3 проценти во однос на августовскиот раст од 0,4 проценти, се наведува во соопштенито на европската служба за статистика Еуростат, а пренесува агенцијата АП.

Инфлацијата, која е на најниско ниво од октомври 2009 година, значително е под зацртаната цел на ЕЦБ која изнесува нешто под два проценти.

Еуростат, исто така, соопшти дека невработеноста во еврозоната во август останала непроменета, на ниво од 11,5 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП