Австралиската авиокомпанија „Qantas“, со најголемиот патнички авион во светот, ја oтвори денес најдолгата авиолинија на планетата.
Авионот на „Qantas“, „Airbus A380“, претходната ноќ слета на Меѓународниот аеродром во Далас –Форт Ворт по 15-часовното летање од Сиднеј и поминатите 13,802 км, пренесува агенцијата АП.
Авионот на првиот лет беше полн, при што се превезени 484 патници.
„Qantas“ на релацијата Сиднеј-Далас претходно го користеше „Boeing 747“, при што беше задолжителен и прстојот во Бризбејн (Австралија).
За патниците кои, сепак, сакаат да летаат на новата рута, картата нема да биде евтина, бидејќи картата за економската класа чини 1.900 долари а двојно повеќе за пространите и удобни седишта во премиум класата, 7.000 долари за деловната класа и од 12.000 до 13.000 долари за првата класа, каде патникот добива и пижами и душек од јагнешка кожа.