24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКој го поседува целото светско богатство

Кој го поседува целото светско богатство

world money

Истражувањето кое го спроведе веб-порталот ,,Absolute return” , кој ги опфати компаниите од Северна и Јужна Америка со средства поголеми од една милијарда долари, покажало дека 305 приватни инвестициски фондови , располагаат со вртоглави 1,840 милијарди долари.

Таа парична маса се зголемува од месец во месец, каде на почетокот на годинава на цртата над милијардата биле 12 фондови помалце, а вкупните средства биле за 130 милијарди долари помалце.

Како што пишува ,,Волстрит журнал”, фондовите во јули поставија апсолутен рекорд и сега располагаат со многу повеќе пари отколку во 2007 година, кога почна финансиската криза.

Истражувањето покажало дека два од три хеџ-фондови на листата забележале годишно зголемување, а меѓу нив апсолутен лидер е ,,Бриџвотер асошиејтс”, кој располага со 93,7 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП