28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАFitch да го преиспита кредитниот рејтинг на Турција

Fitch да го преиспита кредитниот рејтинг на Турција

turcija1

Турскиот министер за финансии, Мехмет Шимшек, побара од американската рејтинг агенција „Fitch“ да го преиспита кредитниот рејтинг на Турција, која, како што тврди Шимшек, расте со стабилно темпо и покрај надворешните предизвици.

Според неговите зборови, би било грешка „Fitch“ да го намали рејтингот на Турција бидејќи земјата расте со „скромно, но одржливо темпо“, и покрај надворешните фактори како судирите на самата граница на Турција и кревкото економско закрепнување на Европа, пренесува агенцијата Франс прес.

„Да ја погледнеме пошироката слика. Имаме политичка стабилност и фискална дисциплина. Би било грешка да се намали рејтингот на Турција поради можноста за зголемување на каматните стапки од страна на американската централна банка или растот на геополитичките тензии во регионот“, изјави Шимшек и додаде дека оваа година економијата на Турција ќе оствари раст меѓу 3 и 3,5 проценти.

На почетокот на овој месец, турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, ја обвини американската рејтинг агенцијата заканувајќи и се со прекин на соработката, како што тоа претходно го направи со ривалската агенцијата „Standard & Poor’s“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП