19 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗLotus Esprit нема да го добие најавуваниот наследник

Lotus Esprit нема да го добие најавуваниот наследник

esprit lotus

Шефот на „Lotus“, Жан-Марк Галес, ја отфрли можноста овој производител под негово раководство да продолжи со развојот на моделот „Esprit“, чиј концепт уште во 2010-та го претстави поранешниот човек на компанијата, Дени Бахар.

Еден од клучните модели од историјата на „Lotus“, кој се произведуваше во текот на четири децении, како што стојат работите нема да добие наследник.

Иако во 2010-та на саемот во Париз беше претставена концептната верзија на шестата гнерација на „Esprit“, несогласувањата внатре во компанијата и заминувањето на Бахар од чело на „Lotus“, доведе до тоа сите проекти кои ги имаше започнато поранешниот директор да бидат замрзнати.

Меѓу нив е и несудениот нов „Lotus Esprit“, кој првично требаше да се појави во продажба уште во 2013-та. Како што стојат работите, од новиот модел нема да биде ништо.

„Доколку ме прашувате дали ќе го произведуваме новиот „Esprit“, одговорот е негативен“, вели Жан-Марк Галес.

„Несакам да се фокусирам на минатото и на концептот „Esprit“ кој е започнат во времето на Бахар, но секако дека ќе искористиме некои технологии од тој проект“, вели новиот шеф на „Lotus“.

Во истото интервју, тој негираше дека „Lotus“ ќе започне да произведува сопствени мотори за своите нови модели. Наместо тоа, компанијата ќе продолжи да купува погонски единици од „Toyotа“.

Тој додаде дека гамата на „Lotus“ во блиска иднина ќе се состои од три модели – „Elise“, „Exige“ и „Evora“, кои ќе добија одредени подобрувања, додека во рок од 3-4 години во план е и кросовер, а потоа можеби и седан.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП