3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЕдна компанија од Македонија меѓу најголемите 100 во ЈИЕ

Една компанија од Македонија меѓу најголемите 100 во ЈИЕ

Untitled

Џонсон Мети на 62-то место е единствената фирма од Македонија рангирана меѓу првите 100 најголеми компании во Југоисточна Европа во 2013 година во истражувањето „TOP 100 SEE“ реализирано од бугарската агенција SeeNews од Софија.

Истражувањето опфаќа и рангирање на најголемите банки и осигурителни компании во Југоисточна Европа, а најдобро рангирана македонска банка е Комерцијална банка на 54. место, Стопанска банка е 57-ма, а НЛБ Тутунска банка се наоѓа на 69-тото место. Најдобра македонска осигурителна компанија е Тргилав осигурување АД на 64. место, Еуролинк осигурување АД е на 85-тото место, а Македонија Скопје АД – Виена Иншуранс Груп, поранешна Кјуби Македонија е на 90-тото место.

Од најдобрите македонски компании ОКТА АД е на 103-тото место, ЕВН Македонија на 105-то, Макпетрол АД на 143-то, Електрани на Македонија АД на 209-то, Фени Индустри на 266-то, Македонски Телеком АД на 313-то, Т-Мобиле Македонија АД на 334-то, Лукоил Македонјија ДООЕЛ на 337-мо и Акчелормитал Скопје (ЦРМ) АД на 354-то место.

Првото место на рангирањето за најдобра компанија во Југоисточна Европа го зазема романската нафтена компанија ОМВ Петром со приход од 4,27 милијарди евра и нето профит од 1,08 милијарди евра. На рангирањето доминанти се и останатите нафтени компании од регионот меѓу кои и ОКТА АД која се наоѓана 103-тото место. Наjдобра банка во регионот по четврти пат е романската Банка Комерцијала Романа, а најуспешна осигурителна компанија е Заваровалница Триглав од Љубљана со удел од 605,8 милиони евра во осигурителниот пазар на ЈИЕ.

„TOP 100 SEE“ е годишно рангирање на најуспешните и најголемите компаниии во Југоисточна Европа. Во него се вклучени анализи и интервјуа за перформансите на компаниите, нивните планови и очекувања за раст, индустрискиот развој и предизвиците со кои се соочува економијата на земјите од ЈИЕ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП