20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКолку Русија ќе го чини Henkel

Колку Русија ќе го чини Henkel

henkel 38

Компанијата „Henkel“ бара начини да ги намали трошоците и да го надокнади падот на профитот до кој доведе забавувањето на економијата во Русија.

Тоа го изјави директорот на „Henkel“ Каспар Рорстед.

За компанијата „Henkel“ Русија е четвртиот најголем пазар. Според Рорстед, сите области на работење ќе претрпат ревизија на трошоците, но компанијата не планира да ги намали инвестициите и не планира да отпушти работници.

„Ако профитот не расте онака како што е планирано, потребно е да се промени односот кон трошоците“, изјави Рорстед.

„Henkel“ во Русија остварува профит поголем од милијарда евра.

Во таа земја компанијата има повеќе од 2.500 работници и во моментов гради фабрика за производство на лепаци. Новата фабрика во Русија ќе биде девета.

„Сигурно во иднина ќе отвориме повеќе фабрики“, изјави Рорстед. Тој, исто така, додаде дека „Henkel“ оваа година би требало да оствари раст на профитот од три до пет проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП