2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАХрватскиот долг се зголемува

Хрватскиот долг се зголемува

hrvatskikuni6v5f74btg47paricroatiamoney

Според податоците на Хрватската народна банка, јавниот долг на Хрватска на крајот на јуни достигна 224,6 милијарди куни, односно 29,5 милијарди евра, што е за 13,6 проценти повеќе во однос на истиот месец минатата година.

Тоа значи дека во првата половина од годината продолжи трендот на висок и неодржлив раст на јавниот долг, велат од Хрватската стопанска комора, осврнувајќи се на податоците од хрватската Централна банка.

Потребата за финансирање на високиот буџетески дефицит, како и рефинансирањето на доспеаните задолжувања, резултираше со висок раст на двете компоненти на долгот, странската, која на годишно ниво се зголеми за 16,6 проценти и домашната, која порасна за 12 проценти, наведуваат аналитичарите на Стопанската комора.

Како бруто домашниот производ (БДП) се намалува, а јавниот долг расте, доаѓа до се поголем удел на тој долг во БДП, поради што Хрватска се повеќе се одалечува од Мастришкиот критериум, според кој уделот на јавниот долг во БДП би требало да изнесува максимално 60 проценти, предупредуваат експертите.

Според податоците не Еуростат, објавени во јули, јавниот долг на Хрвтаска во првиот квартал достигна 68 проценти од БДП или 221,8 милијарди куни.

Во вториот квартал јавниот долг е зголемен за 2,8 милијарди куни во однос на претходниот квартал, додека БДП е намален за 0,3 проценти на квартално и 0,8 проценти на годишно ниво.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП