23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Шпанија регистриран пад на потрошувачките цени

Во Шпанија регистриран пад на потрошувачките цени

inflacijacenigermanija5e4f4f4ew4

Во Шпанија во септември, трет месец по ред е регистриран пад на потрошувачките цени, поради што расте стравот од дефлација во еврозоната, соопшти денес шпанскиот Институт за статистика ИНЕ.

Според податоците на Институтот, цените се намалени за 0,3 проценти на годишно ниво, откако во јули беше регистриран пад на цените за 0,3 проценти, а во август 0,5 проценти.

Цените на прехрамбените производи и безалкохолните пијалоци, останале стабилни, додека цената на струјата е зголемена, наведува Институтот.

Шпанија не е изолиран случај од еврозоната, каде инфлацијата е далеку од целта на Европската централна банка од околу 2 проценти, пренесува АФП.

Податоците за инфлација се причина за загриженоста на шпанските законодавци, кои се обидуваат да го зачуваат постепеното економско закрепнување, откако Шпанија на средината на минатата година се извлече од долготрајната рецесија.

Инфлацијата е невообичаено ниска во 18-члената еврозона, со што е поттикната загриженоста дека регионот ќе потоне во дефлација, односно пад на цените, која ја кочи економската активност и доведува до пад на вработеноста.

Иако падот на цени звучи како добра веста за потрошувачите, дефлацијата може да предизвика одложување на купувањата, со што ќе се задуши побарувачката и ќе ги принуди компаниите да ги отпуштат вработените.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП