24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИвановски на Светски самит за информатички технологии во Мексико

Ивановски на Светски самит за информатички технологии во Мексико

1_41

Министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски, учествува на Светскиот самит за информатички технологии 2014, кој од денеска до 1 октомври се одржува во градот Гвадалахара во Мексико.

Како што соопшти МИОА, Ивановски ќе има обраќање на две панел дискусии – „Иднината на широкопојасниот интернет“ и „Отворени податоци за транспарентна влада“, а исто така ќе одржи и презентација пред ИКТ комората на Мексико.

На Самитот учествуваат 50 излагачи и околу 2.500 делегати од 80 земји, владини и академски претставници, извршни директори на ИКТ компании, медиуми, невладини организации, како и водачи на корпорации, кои ќе разговараат и разменуваат мислења за новите ИКТ прашања на глобално ниво. Главна тема на собирот ќе биде „Градење заедничка дигитална ера“ во рамките на која ќе бидат покренати правни и економски прашања поврзани со неа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП