27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСоцијалните права во Данска: Зошто би сакале да живеете таму?

Социјалните права во Данска: Зошто би сакале да живеете таму?

danska2

Правата на работниците емигранти, кои бараат работа во рамките на ЕУ, се решени со посебна регулатива.

На овој начин, работниците се заштитени од ризикот преку здравственото, пензиското и социјалното осигурување.

Сакате да студирате, а имате семејство? Данска ќе се погрижи за вас!

Системот за социјална заштита и безбедност во Данска, како и во другите земји во Европската унија, вклучува бесплатна медицинска помош, поддршка за долготрајната невработеност, грижа за бремените жени и привилегии за грижата за децата.

Бесплатно студирање

Сите редовни студенти можат да посетуваат настава сосема бесплатно, тие дури добиваат месечна стипендија од 800 евра.

Во Данска, студените кои се на редовни студии а имаат семејство (деца) и живеат во брачна или вонбрачна заедница, имаат дополнителна поддршка (финансиска и здравствена) од државата.

Поддршка за младите родители

Иако немаат работа, издржувањето на нивното семејство им е овозможено благодарение на субвенциите од данската влада.

На редовните студенти Владата им дава 5-годишна поддршка, а на студентите кои се родители владата им доделува дополнителна 12–месечна поддршка, 6 месеци за мајката на детето и 6 месеци за таткото. Со овој систем се поттикнува образованието, но истовремено и наталитетот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП