20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААбе ја лекува, а Јапонија тоне се подлабоко

Абе ја лекува, а Јапонија тоне се подлабоко

Shinzo-Abe-japonijaujs893yr45t5

Јапонскиот премиер Шинзо Абе, внимателно ќе ги следи ефектите од априлското зголемување на данокот на додадена вредност и растечките цени на горивата кои ги имале на економијата на земјата.

Една од главните причини за таа најава е тоа што Абе до крајот на оваа година ќе мора да донесе одлука за второто зголемување на ДДВ во 2015 година.

За време на седницата на јапонскиот парламент, Абе повторно нагласи дека негов приоритет и понатака е борбата против повеќедецениската дефлација, пренесува агенцијата Ројтерс.

„Настојуваме да ја заживееме економијата и истовремено продолжуваме со спроведувањето на фискалната консолидација. Клучната мисија на кабинетот на Абе е секој поединец во секој дел на Јапонија да ги почувствува последиците од економското закрепнување“, порача Абе.

Априлското зголемување на стапката на ДДВ од пет на осум проценти во вториот квартал ја турна економијата на Јапонија во најдлабока криза од глобалната финансиска криза во 2009 година, што предизвика стравување дека новото зголемување на ДДВ на десет проценти, најавено за наредната година, ќе предизвика уште поголема криза.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП