2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИДХЛ Експрес Македонија го одбележа Глобалниот Волонтерски Ден заедно со атлетите на...

ДХЛ Експрес Македонија го одбележа Глобалниот Волонтерски Ден заедно со атлетите на Специјалната Олимпијада Македонија

dhla

Како дел од глобалните ДХЛ иницијативи “Помагање во едукација” и “Да се помогне”, во саботата, компанијата ДХЛ Експрес Македонија заедно со атлетите на Специјалната Олимпијада Македонија го одбележаат Глобалниот Волонтерски Ден.

45 вработени од ДХЛ Експрес Македонија заедно со нивните гости, поминаа еден незаборавен ден исполнет со различни активности прославувајќи ги притоа и успесите на нашите олимпијци на овогодинешните Европските Летни Игри на Специјална Олимпијада, кои се одржаа во Антверпен, Белгија.

dhlb

За време на дневната посета во просториите во ДХЛ Експрес Македонија, вработените од компанијата ги запознаа членовите од Специјалната Олимпијада со процесите на работење во ДХЛ Експрес, отворено се дискутираше за работните процеси и дневните предизвици,давајќи на тој начин мал придонес во нивната инклузија и интеграција во околината како лица со посебни потреби.

ДХЛ Експрес Македонија е дел од групацијата Deutsche Post DHL, лидер на пазарот во експресниот транспорт и логистиката, истовремено и општествено одговорна компанија, која со своја донација им помогна на сите атлети и целокупната делегација на Специјалната Олимпијада Македонија да отпатуваат на Европските Летни Игри на Специјална Олимпијада, кои се одржаа од 9 до 21 септември 2014 во Антверпен, Белгија. Настан на којнашите атлети земаа учество,достоинственосенатпреваруваа,и се вратија со 4 бронзени медаљи и тоа: Ајбази Себаат- во атлетика 200 метри, Христијан Тутурески, во атлетика 100 метри, Живко Стојанов во пинг понг и Александар Цветковски во бадминтон.

dhc

Сето ова е дел од глобалната кампања на DPDHL, да се помогне и делува во локалната заедница и воедно да се подигне пасијата за волонтеризаммеѓу вработените.Помагањето е важен дел од корпоративната култура на DPDHL и вработените се охрабруваат да ја следат програмата низ трите иницијативи за корпоративна одговорност: GoGreen (Заштита на околината), GoTeach (Помагање во едукација), GoHelp (Да се помогне).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП