Пилотите на германската авиокомпанија „Lufthansa“ утре ќе ги откажат долгите летови, што е најновиот најавен штрајк на вработените во овој авиопревозник.
Пилотите ќе штрајкуваат поради спорот со Управата на „Lufthansa“ околу програмата за предвремено пензионирање.
Синдикатот на пилотите „Vereinigung Cockpit“ ги повика членовите утре од 8 до 11 часот да одржат штрајк кој ќе ги зафати сите долги летови од Франкфурт, пренесува агенцијата Франс прес.
Штрајкот, според соопштението на синдикатите, ќе ги погоди услугите на авионите од „Boeing“ А380, А330, А340 и авионот на „Boeing“ 747.