8 декември, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААмерикански бизнисмени со македонско потекло ја истражуваа бизнис климата во земјата

Американски бизнисмени со македонско потекло ја истражуваа бизнис климата во земјата

Invest-

Американски бизнисмени со македонско потекло од Акрон, Охајо, ја испитуваше бизнис климата во Македонија, на иницијатива на министерот за странски инвестиции Џери Наумоф.

Делегацијата, како што соопшти неговиот Кабинет, беше составена од претставници на консултантската компанија „Mulimex Americas“, Универзитетот од Акрон и Македонскиот клуб на бизнисмени, организација која е основана пред 56 години од страна на истакнати македонски бизнисмени.

Министерот Наумоф ги презентираше можностите за инвестирање и бизнис климата што ја нуди Македонија за странски инвеститори.

Исто така двете страни ги споделија нивните идеи за промоција на македонскиот туризам во Северна Америка.

Делегацијата се сретнаа и со министерот Јолески со кого се дискутираа можностите за основање на програма за размена на студенти со Универзитетот од Акрон, Охајо и Универзитетите од Македонија.

Во програмата на делегацијата беа вклучени и посети на општините Прилеп, Битола и Охрид каде што нашинците се сретнаа со градоначалникот на Прилеп, претставници на најголемите компании во градот како и ректорот на Универзитетот Св. Климент Охридски – Битола, Деканот на економскиот факултет во Прилеп и Продеканот на Факултетот за туризам – Охрид.

На средбите се дискутираше за основање на програма за размена на студенти и професори меѓу Универзитетот од Акрон и македонските универзитети.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП