26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДоговор за пониски цени во роаминг меѓу државите во регионот

Договор за пониски цени во роаминг меѓу државите во регионот

miaroaming

Македонија, Црна Гора, Србија и Босна и Херцеговина во Будва денеска ќе потпишат Спогодба за намалување на цените на услугите во роамингот во јавните мобилни комуникациски мрежи. Спогодбата во име на македонската Влада ќе ја потпише заменик министерката за информатичко општество и администрација, Марта Арсовска Томовска.

Според најавите, спогодбата треба да овозможи неколкукратно намалување на цените на разговорите, СМС и интернет услугите преку мобилните телефони. Тоа воедно е прв чекор за целосно укинување на роамингот при разговори помеѓу петте држави од регионот.

За примена на спогодбата чија содржина ја договораа на средба пред еден месец регулаторните тела, се неопходни законски измени. Надлежните министерства на земјите потписнички на договорот во рок од 30 дена треба да почнат процедура за дополнување на законот за електронски комуникации, со што цените за услугата ќе се регулираат на реципрочна основа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП