19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСредната класа има 900 милиони луѓе

Средната класа има 900 милиони луѓе

World-Map-with-Diverse-Group-of-People

Бројот на припадници во средната класа на планетата се приближи до една милијарда, се вели во извештајот за глобалното богатство на мултинационалната финансиска компанија „Allianz“.

Според методологијата на ова истражување во средната класа спаѓаат сите кои имаат годишни приходи меѓу 5.300 и 31.800 евра, а нивниот број минатата година изнесуваше 912 милиони.

Во оваа бројка влегле 65 милиони поранешни бгати лица кои „осиромашиле“ и 491 милион нови членови, кои во оваа група дошле од „пониските класи“. Бројот на припадници во средната класа двојно се зголемил во Латинска Америка, тројно во Источна Европа и за седум пати во Азија, но не рамномерно, јазот помеѓу богатите и сиромашните се намалил во Тајланд и Малезија, а се зголемил во Јапонија, која порано се сметаше за земја на еднаквите.

Инаку, бруто вредноста на финансиските средства (обврзници, депозити во банките, побарувања од осигурувањата и сл.) на домаќинствата во 2013 година пораснала за 9,9 проценти, што е најбрзиот раст од 2013 година. Бројот на богати изгледа дека најбрзо растел во Азија, а потоа во Источна Европа, особено меѓу земјите кои не се членки на ЕУ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП