20 јуни, 2025
ПочетнаКОМПАНИИГрупацијата Триглав го одржува високиот кредитен рејтинг

Групацијата Триглав го одржува високиот кредитен рејтинг

triglav 33

Агенцијата „Стандар и пурс“ го потврди постоечкиот долгорочен кредитен рејтинг А- (одличен) и рејтингот за финансиска моќ А- (одличен) на Заваровалница Триглав и на нејзиното зависно друштво Позаваровалница Триглав РЕ, а со тоа и на Групацијата Триглав. Перспективата за двата рејтинзи е стабилна на среден рок, соопштија од компанијата.

„Повторната потврда на високиот кредитен рејтинг е одраз на водечката позиција на Групацијата Триглав во Словенија и во регионот Адриа, високата адекватност на капиталот и профитабилноста. Дополнително, во својот извештај агенцијата утврдува дека Заваровалница Триглав и Позаваровалница Триглав РЕ се независно управувани и ги води раководство со искуство, способно за ефикасно спроведување на зацртаната стратегија на Групацијата Триглав“, стои во соопштението.

Рејтинг агенцијата во својот извештај за среднорочна стабилна перспектива, оценува дека Групацијата Триглав и во иднина ќе ја сочува силната конкурентна позиција на пазарот, солидната адекватност на капиталот, урамнотежената структура на инвестицискиот портфолио и степенот на профитабилност. Од друга страна, евентуалното нарушување на макроекономската ситуација во Словенија во иднина би можело негативно да влијае на кредитниот рејтинг на Групацијата Триглав.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар