28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНајголем дел од ИПА-2 фондовите на ЕУ за Македонија наменети за социо-економски...

Најголем дел од ИПА-2 фондовите на ЕУ за Македонија наменети за социо-економски и регионален развој

evropska-unija-13

Најголем дел од 664-те милиони евра што Европската комисија ги одреди за Македонија во следните седум години, преку новата ИПА-2 програма, се наменети за социо-економски и регионален развој, јавува дописникот на МИА од Брисел.

Според проекциите на неформалната Влада на Европската унија, за Македонија оваа година се достапни 85,7 милиони евра од Предпристапната помош, додека за идната година, нашата земја има на располагање 88,9 милиони, за 2016 – 91,6 милиони, 2017 – 94,9 милиони евра и во периодот од 2018 до 2020 година – 303,1 милиони евра.

Според планот за индикативна намена на овие средства на Комисијата, дури 298,8 милиони евра од средствата за Македонија до 2020 година, се наменети за социо-економски и регионален развој. Конкретно, 112,9 милиони евра се за животна средина и климатска акција, 112,9 милиони евра за транспорт и 73 милиони евра за конкурентност и иновации. Втора ставка за која Брисел намени најмогу средства за нашата земја се реформите во подготовките за членство во ЕУ. За оваа ставка се наменети 205,9 милиони евра во следните седум години, односно 122,9 милиони евра за демократијаи управување (владеење), а 83 милиони евра за владеење на правото и основните права.

Трета цел од средствата од ИПА-2 програмата на ЕУ за Македонија за која се наменети најголем дел од 646,2 милиони евра вкупниот буџет се земјоделството и руралниот развој. Се работи за сума од 106,3 милиони евра, што преку проекти во оваа област ќе им бидат достапни на македонските граѓани. Последна ставка е помош во однос на вработувањето, социјалните политики, образованието, промоција на еднаквост меѓу половите и развој на човечките ресурси, за што Унијата издвои 53,2 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП