28 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПобедничката летна “selfie” фотографија поставена на 3 билборди во Скопје

Победничката летна “selfie” фотографија поставена на 3 билборди во Скопје

polip

Во рамките налетната кампања “Like” за бесплатен Facebook, Вип оператор организираше избор за најдобра летна “selfie” фотографија снимена со мобилен телефон за фановите на Facebook.

Денес, Вип ја претстави победничката “selfie” фотографија и нејзиниот креатор Мартин Петровски.

Победничката фотографија која е поставена на 3 билборди во Скопје, беше избрана од вкупно 292 “selfie” фотографии од страна на стручно жири.

– Среќен сум што мојата омилена “Selfie” фотографија се наоѓа на билборд. Фотографијата е сликана во Ница, додека бев на апсолвентска екскурзија. Во фотографијата се стотина мои колеги и пријатели и како што може да се забележи е полна со позитивна енергија, нешто што за мене е основа за добра “selfie” фотографија, нешто поинакво од стандардното. Ги сакам оние фотографии кои кажуваат некоја приказна, пренесуваат чувство, или пак се сликани во правиот момент и со право друштво, изјави Мартин Петровски, креаторот на победничката “selfie” фотографија од летниот “selfie” натпревар на Вип.

Во рамките на летниот Вип “selfie” натпревар беа доделени 4 паметни телефони SONY Xperia Z Ultra– за секоја од прво рангираните фотографии од 4-те циклуси и пригодни подароци за второ и трето рангираните од сите 4 циклуси.

Во исто време, поради големиот интереси придобивките за припејд корисниците, Вип го продолжи времетраењето на промотивната понуда за бесплатен Facebookза своите припејд корисници, со што им овозможува бесплатен Facebook на својот мобилен телефон во секое време, каде и да се наоѓаат во Македонија.

polia

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП