26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈапонија ја губи војната со инфлацијата?

Јапонија ја губи војната со инфлацијата?

japonijainflacijadeflacija

Растот на потрошувачките цени во Јапонија продолжи да забавува во август, зголемувајќи ја загриженоста дека „војната“ на официјален Токио со дефлацијата, не ги даде саканите резултати.

Основната стапка на инфлација, исклучувајќи ги традиционално променливите цени на свежата храна, забрза минатиот месец за 3,1 проценти на годишно ниво, додека аналитичарите предвидуваа стапка од 3,2 проценти, пренесува агенцијата Франс прес.

Јапонската влада во април го зголеми данокот на промет од пет на осум проценти, што доведе до раст на потрошувачките цени. Тој ефект, сепак, почнува да слабее, бидејќи растот на инфлацијата забави во однос на 3,3 проценти од јули и јуни и 3,4 проценти од мај, што беше највисокото ниво во последните 30 години.

Ако од пресметките се исклучи влијанието на растот на данокот, основните потрошувачки цени во август пораснале за 1,1 проценти, што е доста под амбициозната цел на Банката на Јапонија од два проценти.

Растот на данокот на промет се смета за клучен за намалување на огромниот јавен долг на Јапонија, кој е највисок меѓу индустријализираните земји, но постои стравување дека тој ќе го загрози економското закрепнување така што ќе ја намали домашната потрошувачка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП