28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Елефтеротипија“ : Во Грција 6,3 милиони лица се на прагот на сиромаштија

„Елефтеротипија“ : Во Грција 6,3 милиони лица се на прагот на сиромаштија

Poverty in Athens

Шест милиони и 300.000 Грци се наоѓаат на прагот на сиромаштија, покажа извештајот на Бирото за буџет на грчкиот Парламент.

Kaко што објави весникот „Елефтеротипија“, во извештајот се посочува дека 2,5 милиони Грци живеат со пари што се помалку од границата на сиромаштија, а 3,8 милиони се пред опасноста да западнат во сиромаштија заради недостиг од материјални средства и невработеност.

Грција е единствената земја од ЕУ без гарантирана минимална плата и според показателот за опасност од сиромаштија, државата е префрлена во групата на членки на ЕУ со најголема сиромаштија.

Во моментов во 13 грчки општини почнува пилот програма за гарантирна минимална плата, што опфаќа илјадници семејства кои живеат на прагот на сиромаштија и од овој месец ќе добиваат минимален гарантиран доход во форма на месечна помош од 400 евра.

Од следната година програмата ќе се применува во цела Грција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП