26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПриходите на Nike пораснаа за 15 %

Приходите на Nike пораснаа за 15 %

nike1

Најголемиот светски производител на спортска облека „Nike“ објави подобри квартални резултати од оние кои првично беа очекувани, благодарение пред се на зголемувањето не неговиот удел во фудбалскиот пазар во Европа, традиционално најсилниот пазар за „Adidas“.

Приходите на „Nike“ во изминатиот квартал достигнаа  7,98 милијарди долари, што е за 15 проценти повеќе во споредба со истиот период лани. Нето добивката на компанијата пораснала за дури 23 проценти, на 962 милиони долари, додека претходно во целата фискална година „Nike“ очекуваше раст на добивката од околу 20 проценти.

Приходите на компанијата во Северна Америка пораснаа во кварталот завршен на 31. август за 12 проценти, додека приходите во западна Европа за 25 проценти.

Силниот раст на приходите во западна Европа покажува дека уделот на „Nike“ на тој пазар растe. Минатата година „Nike“ на пазарот за спортска опрема во западна Европа имаше удел од 12 проценти, додека уделот на „Adidas“ се намали од 13,2 на 12,6 проценти.

Поради тоа расте и конкурентскиот притисок на „Nike“ врз германскиот „Adidas“, кој неодамна ги намали проценките за добивката и приходите во оваа година.

Голем чекор напред „Nike“ на пазарот на „Adidas“ оствари на Светското првенство во Бразил вo јуни и јули оваа година, кога за прв пат спонзорираше повеќе национални тимови од „Adidas“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП