18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРим: Рецесија, дефлација, песимизам

Рим: Рецесија, дефлација, песимизам

rimrim353637299huhjsnds

Потрошувачката довераба во Италија која е погодена од рецесија малку порасна овој месец, покажаа податоците на Заводот за статистика во Рим.

Индексот на потрошувачката доверба во септември порасна на 102 од 101,9 поени во август, наведува Заводот, пренесува агенцијата АНСА.

Италија во првата половина од годината западна во третата рецесија од појавата на глобалната економска криза во 2008 година, а економските проблеми значително влијаеа на довербата на потрошувачите и вкупната потрошувачка на домаќинствата.

Домашната побарувачка е толку слаба што Италија во август регистрираше дефлација, односно пад на цените од 0,1 проценти.

Потрошувачката доверба е важен фактор за здравјето на економијата, бидејќи граѓаните помалку трошат кога имаат песимистички став за економската клима, а сето тоа го отежнува закрепнувањето на економијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП