20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРомпуј: Некои лидери во ЕУ не сакаа Грција да биде спасена

Ромпуј: Некои лидери во ЕУ не сакаа Грција да биде спасена

Herman-van-Rompuy-007

Некои лидери на ЕУ не сакаа Грција да биде спасена и се трудеа таа да излезе од еврозоната, пишува досегашниот претседател на Европскиот совет, Херман ван Ромпуј во својата книга „Европа во бурата – ветувања и предрасуди“.

Тој ја започнува книгата со првата средба на врвот како претседател на Европскиот совет на 11 февруари 2010 година, нагласувајќи дека европските лидери биле загрижени од фактот дека „една европска држава, Грција, дошла до прагот на банкрот“.

Според белгискиот политичар, во декември 2009 година поранешниот грчки премиер Јоргос Папандреу ги шокирал европските партнери со податоците кои ги претставил за трагичната финансиска состојба на Грција.

Тој наведува дека на средбата во февруари 2010 година европските лидери сфатиле дека грчкиот проблем би можел да стане закана за еврозоната.

Ромпуј тврди дека некои лидери не сакале да поддржат една земја, „која ги прекршила сите договорени правила“, а други пак сметале дека за Европа е „понижувачко“ Грција да бара помош од ММФ за да биде спасена.

Првиот претседател на Европскиот совет ги опишува напорите, кои биле направени, за да се постигне договор меѓу европските лидери, за да може Грција да остане во еврозоната и да добие спасувачки пакети со финансиска помош за надминување на кризата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП