3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо грчките судови чекаат 400 илајди случаи поврзани со неплаќање данок

Во грчките судови чекаат 400 илајди случаи поврзани со неплаќање данок

sudovi 3

Во грчките административни судови се уште остануваат нерешени над 400.000 даночни случаи, од кои половината треба да добијат датум за сослушување, стои во извештајот на Опсерваторијата на деловното опкружување на Грчката федерација на претпријатија (СЕВ).

Како што јави дописникот на МИА од Атина, даночните случаи за додадена вредност доаѓаат на ред со просечно време на чекање од 9,3 години, додека просечниот период на одложување за сите даночни случаи изнесува 5,3 години.

Меѓу предлозите кои ги даде СЕВ за да се надмине оваа ситуација се брзо затворање на слични случаи, вонсудско решевање на некои случаи, како и подобрување на судската администрација, ефикасноста на судските служби и општата работа на државниот механизам.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП