23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБалканските криминалци виновни за падот на приходите

Балканските криминалци виновни за падот на приходите

kriminalbalkanci654654

Балканските банди  и организираниот криминал во најголем дел се одговорни за речиси 1,1 милијарди круни (174 милиони долари) загуби во даночните приходи и приходите од индиректното оданочување, соопшти норвешката влада. Станува збор за загуба која го покрива периодот во последните 18 месеци, а официјалните претставници тврдат дека заканите од организираниот криминал од Балканот се нешто што претставува сериозен проблем за Норвешка.

Најголеми даночни затајувања забележани се во источниот дел од Норвешка, каде таа загуба се движи околу 30 милиони долари. Јан Егил Кристиансен, кој се наоѓа на чело на Одделението за борба против даночното затајување за источниот дел на Норвешка, за овој проблем вели: „Станува збор за криминална мрежа, која претставува сериозна закана“. Тој додаде дека најголем удел во организираниот криминал имаат бандите од Балканот и Источна Европа, кои се одговорни за речиси една половина од 1,1 милијарди круни затаен данок.

Со цел да се избори со новонастаниот проблем, норвешката влада одлучи да издвои 3,9 милиони долари за да им стави крај на криминалците.

„Започнавме со нови системи за контрола и веќе забележани се далеку повисоки приходи. Сепак, и понаката постојат реални закани од организираниот криминал. За нив мора да користиме специјални мерки за контрола, бидејќи сегашната контрола само делумно може да им влезе во трага“, изјави тој.

Тој додаде дека криминалците од Балканот користат разни методи за даночно затајување.

„Станува збор за повеќе кривични дела, бидејќи користат многу паметни и софистицирани методи. За нив, Нрвешка е многу профитабилна кога станува збор за криминалот. Знаете како, криминалецот ја прескокнува оградата таму каде што таа е најниска. Токму затоа, и ние мораме да го подигнеме нашиот систем на безбедност на едно повисоко ниво, но и да ги зголемиме казните за даночно затајување“, изјави Кристиансен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП