11 декември, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПотврден високиот рејтинг на Јапонија

Потврден високиот рејтинг на Јапонија

japonija14

Американската рејтинг агенција „Standard & Poor’s – S&P“ го потврди долгорочниот кредитен рејтинг на Јапонија на „AA-“, но ја задржа негативната прогноза.

„S&P“, исто така, го потврди и краткорочниот кредитен рејтинг на Јапонија на „A-1+“, пренесува агенцијата Франс прес,

„Нашата оценка за кредитниот рејтинг на Јапонија претставува баланс меѓу силните надворешни позиции на земјата, нејзината успешна и диверзификувана економија, политичката стабилност и стабилниот финансиски систем од една страна и од друга страна многу слабата фискална позиција која е влошена од се постарата популација и упорната дефлација“, се наведува во соопштението на агенцијата.

Економијата на Јапонија минатата година беше во подем, бидејќи напорите на премиерот Шинзо Абе да го поттикне растот помогнаа во соборувањето на вредноста на јенот, со што се зголеми профитот на извозниците и се поттикна растот на вредноста на акциите на јапонските берзи.

Економистите, сепак, предупредуваат дека економскиот раст на Јапонија сега забавува, како последица на априлското зголемување на данокот на додадена вредност (ДДВ) на осум од пет проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП