29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАKомисиска расправа за Предлог-буџетот за 2015 година

Kомисиска расправа за Предлог-буџетот за 2015 година

stavresednica846846

Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска ќе ја продолжи расправата за Предлог-буџетот за 2015 година.

Предложениот буџет, за кој расправата почна вчера, е проектиран на раст од 4 отсто на БДП, инфлација од 2 отсто и буџетски дефицит од 3,5 отсто. Вкупните приходи за следната година се проектирани на 163 милијарди и 280 милиони денари, а расходите на 181 милијарда 777 милиони денари.

Според вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, со предложениот буџет за наредната година продолжува поддршката на стопанството и на стандардот на граѓаните преку одвоениот значителен износ за капитални инвестиции и преку зголемување на платите, пензиите и социјалните надоместоци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП