28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПриходите на Србија од „Јужен поток“ ќе изнесуваат 300 милиони евра годишно

Приходите на Србија од „Јужен поток“ ќе изнесуваат 300 милиони евра годишно

Juzni-potok

Портпаролот на компанијата „Јужен поток“ Јаспер Јансен изјави денеска дека приходите на Србија од транспортните такси и даноци за гасоводот „Јужен поток“, ќе бидат околу 300 милиони евра годишно, или вкупно 7,7 милијарди евра во изминатите 25 години.

Јансен, кој денеска ги посети инсталациите на „Северен поток“ на брегот на Балтичкото Море во Германија, рече дека градежните работи на српскиот дел од „Јужен поток“ ќе чини околу две милијарди евра и на него може да бидат ангажирани 2.500 лица.

Тој изрази уверување дека „Јужен поток“ со капацитет од околу 63 милијарди кубни метри гас годишно повеќе од секој друг енергетски проект ќе ги задоволи постојано зголемените потреби на Европа од гас.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП