Газдите ги злоупотребуваат вработените и го водат својот бизнис врз грбот на вработените. Тие ја книжат минималната плата, а исплаќаат пониска плата.
Газдите ги злоупотребуваат работниците

Работниците во приватниот сектор се жалат за злоупотреба од страна на газдите. Тие под притисок им даваат овластувања на работодавачите да ја повлечат исплатената плата, а потоа работодавачите им исплаќаат помала плата од онаа која е утврдена со законот.
Од друга страна, пак, откако Државниот завод за статистика ќе ја објави просечната плата што ја земале работниците во Македонија во 2012 година, Министерството за труд и социјална политика ќе ја пресмета минималната плата за 2013 година.
