26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРасправа по Предлог буџетот за 2015 во матичната собраниска комисија

Расправа по Предлог буџетот за 2015 во матичната собраниска комисија

komisii sobranie

Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска ја почна расправата по предложениот Буџет на Република Македонија за 2015 година.

За пратениците членови на Комисијата кои се вклучија во расправата предложениот буџет е развоен кој поддржува капитални проекти, обезбедува зголемување на платите, пензиите, повеќе средства за образованието, спортот, водостопанството и слично.

Крсте Мукоски од ВМРО-ДПМНЕ и претседател на собраниската Комисија за финансирање и буџет меѓу другото истакна дека Буџетот е развоен.

„Доколку немаме нови потреси, за кои нема да има вина на РМ, бидејќи нашата економија е увозно-извозно зависна пред се од големите европски економии, можам да заклучам дека економијата во РМ се движи во добар правец. БДП се зголемува постојано, фундаментите на фискалната и монетарната политика се поставени на здрава основа и економијата во РМ во континуитет треба да се развива, а со тоа и граѓаните да ги чувствуваат своите бенефити“, истакна Мукоски.

Пратеничката Владанка Авировиќ посочи на големите инфраструктурни проекти што се поддржуваат со предложениот буџет за 2015 година.

„Предвидените 340 милиони евра директни инвестиции од буџетот ќе придонесат во овој период Македонија да го задржи она што го предвидува како економски раст“, рече Авировиќ.

Лилјана Кузмановска истакна дека расходната страна е во функција на поддршка на стопанството и посочи дека наредната година се предвидува раст и на индустриското производство и на градежништвото, како и на извозот.

Љупчо Димовски ја поздрави поддршката во земјоделството и водостопанството.

„За капитални проекти во водостопанството се предвидени 1,422 милијарди денари, средства кои во поновата македонска историја не биле предложени во земјоделството и водостопанството“, рече Димовски.

Тој наброја повеќе проекти што ќе се реализираат, а се однесуваат на брани, системи за наводнување…

За предвидената поддршка во спортот се осврна Трајче Димков, кој посочи на напорите што се прават за регионален развој и проекти што се реализирани во регионот на Штип.

Олга Најденоска говореше за континуираната поддршка во образованието.

„Инфраструктурата во образованието од 2006 наваму забележува подобрување. Заради добрата инвестициска политика изградени се 43 училишта, реконструктуирани се повеќе училишта и спортки сали…“, рече Најденоска која додаде дека во 2015 година е предвидено зголемувње во секој дел од образованието и во делот на плати и во делот на инвестициите.

Поддршка за предложениот буџет изразија и пратениците од ДУИ.

Калтрина Азизи посочи дека со буџетот се поддржува стопанството, стандардот на граѓаните, капитални инвестиции, како и образованието.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП