2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОва е цената која Русија веќе ја плаќа

Ова е цената која Русија веќе ја плаќа

rusijamnfviut895

Вкупниот удар на платниот биланс на Русија поради намалувањето на цените на нафтата и влијанието на геополитичките случувања се проценува на четири проценти од БДП.

Тоа го изјави директорот на Oдделението за долгорочно стратешко планирање при Министерството за финансии, Максим Орешкин, на годишната конференција на агенцијата „Fitch“ и укажа дека влијанието на геополитиката може да се оцени до два проценти од БДП.

Вториот удар за рускиот БДП го нанесе намалувањето на цената на нафтата со просечно 110 долари за барел во вториот квартал, на 93 долари колку што изнесува во моментов. Намалувањето на цените за 17 долари за барел значи намалување на приходите од извозот за 55 милијарди долари на годишно ниво, прецизираше Орешкин.

Притоа, тој смета дека реакцијата на економијата на силните надворешни шокови била прилично блага. Во исто време, ако цената на нафтата при формирањето на буџетот биде воспоставена на 80 долари за барел, руската економија, според Орешкин, „нема да ги почувствува ударите“.

Говорејќи за намалувањето на цените на нафтата на светскиот пазар, Орешкин забележа дека сегашната ситуација се разликува од 2008-2009 година. Тогаш падот на цените бил цикличен, во врска со падот на побарувачката, а сега е структурен, во врска со растот на производството на нафтата, како и воспоставувањето на производство во Либија.

„Мала е веројатноста дека ќе забележиме остар пад на цените, но исто така мала е веројатноста дека ќе забележиме и силен раст. Најверојатно ќе дојде до стабилизација во регионот на 90 долари за барел“, заклучи тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП