28 март, 2024
ПочетнаКАРИЕРАКаква е иднината на професиите?

Каква е иднината на професиите?

profesii1

Пазарот на трудот во наредните децении ќе биде сосема поразличен од денешниот. Образованието и понатаму ќе биде важно, но не и пресудно.

Американските футуролози предвидуваат дека понатамошниот развиток на работните места ќе биде сосема различен од сегашниот.

 Тие предвидуваат  три значајни промени:

1. Луѓето ќе работат само тоа што компјутерот нема да биде во можност да го изработи.

2. Светскиот пазар ќе нуди помали плати и повисоки критериуми. Позитивната страна е дека потрошувачите ќе добиваат ефтини но висококвалитетни производи.

3. Денешните експерти ќе бидат само службени лица, и ќе извршуваат прецизни задачи. Футуролозите, исто така, сметаат дека професиите во областа како математиката, информатиката, физиката, техничкиот инженеринг нема да бидат толку ценети како денес.

 

Причините уште сега се видливи. Голем број од задачите кои некогаш ги работеа инженери, денес се заменети со информациони системи. На светскиот пазар на труд владее огромана конкуренција на стручни кадри. Работата која што ја извршувал електротехничар пред 25 години, денес таа работа ја извршува компјутер. Цената на професијата паѓа како резултат на големата конкуренција и прилив на работна снага од Мароко, Индија,  Украина.

Тоа што ќе го бара иднината ќе бидат иновативни експерти кои ќе имаат желба за постојан прогрес и нови идеи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП