19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСловенија – руска пералница на пари?

Словенија – руска пералница на пари?

1314738875423df63a67c4498637410_640x559

Руските компании во Словенија се во се поголем број, а многу компании кои се основани официјално немаат ниту едно евро приходи годишно, пишува словенечкиот дневник „Дело“.

Од друга страна, Русите, како што се наведува, често се појавуваат како купувачи на најскапите недвижнини.

Канцеларијата на Република Словенија за спречување на перење пари во повеќето од половината објавени руски трансакции пронашла дека постои сомневање за перење пари.

Во Словенија, според податоците на „АЈПЕСА“, работат речиси илјада руски компании кои имаат руски основачи или партнери во Руската Федерација, од кои повеќе од 634 регистрирани во централна Словенија, но и голем број регистрирани во делот каде што оваа земја излегува на Јадранското море.

Многу регистрирани компании имаат иста адреса, а за нив е посебно карактеристично тоа што имаат многу мал или никаков промет, така што најверојатно станува збор за фиктивни компании, пишува словенечкиот дневник.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП