8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДр. Дре на врвот на списокот на Форбс за најплатен хип-хопер

Др. Дре на врвот на списокот на Форбс за најплатен хип-хопер

c

Форбс го состави својот годишен список за најплатени хип-хоп музичари, а на врвот се најде Др. Дре со заработувачка од вртоглави 620 милиони долари.

Форбс својот список го составува врз основа на проценките на приходите од продажбата на албуми, сувенири и концерти.

Др. Дре ги продаде неговите слушалки и звучници Beats by Dr.Dre на Епл за три милијарди долари, со што богатството на Дре порасна за 350 милиони долари. Beats е марка на слушалки и звучници кои музичарот Др. Дре ги основал со претседателот на дискографката куќа Interscope-Geffen – A&M Џини Ловин.

Др. Дре оваа година влезе во историјата како музичар со најголема заработувачка на нивниот список.

Второтп место го поделија Џеј Зи и Диди со заработувачка од 60 милиони долари.

На трето место се најде Дрејк со заработувачка од 33 милиони долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП