27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСе намали невработеноста во Франција

Се намали невработеноста во Франција

francepariz1

Во Франција бројот на невработени лица, регистрирани во Заводот за вработување, во август се намали прв пат во последните девет месеци во кои бележеше непрекинат раст, и тоа за 0,3 проценти (за 11.100 лица), на 3,413 милиони, соопшти француското Министерство за труд.

Како што се наведува во соопштението, бројот на кандидати за работа во категоријата А (без никакво вработување) растеше непрекинато од ноември 2013 година, така што на крајот на јули изнесуваше рекордни 3,424 милиони, а кога ќе се вклучат и прекуморските региони, 5,387, пренесува агенцијата АФП.

Станува збор за третиот месечен пад на невработеноста од изборот на Франсоа Оланд за претседател на Франција, во мај 2012 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП