16 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАПортугалија ја зголеми минималната плата на 505 евра

Португалија ја зголеми минималната плата на 505 евра

portugalija 8383

Португалската влада ја зголеми минималната месечна плата во оваа земја на 505 евра од претходните 485 евра, што и понатака е најниската плата во Западна Европа.

Ваквата одлука следеше по повеќенеделните преговори на Владата со деловните лидери и синдикатите на работниците, бидејќи минимална плата во Португалија, која што е предмет на данок на доход од 14,5 проценти, ја добиваат повеќе од 600.000 работници, од кои најголем број работат во земјоделството или во кафулињата, рестораните и хотелите, пренесува агенцијата АП.

За да се намали финансискиот товар за претпријатијата, кои тврдат дека најновото зголемување на платите ќе го обесхрабри вработувањето, владата исто така за компаниите ја намали стапката за придонесите за социјално осигурување на вработените на 23 од 23,75 проценти.

Во Европската унија, единствено земјите од Источна и Централна Европа имаат пониски плати, се наведува во соопштението на АП.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП