8 декември, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКампања на ЕБОР за трансфер на знаење за раст на бизнисот

Кампања на ЕБОР за трансфер на знаење за раст на бизнисот

Untitled

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) денеска ја почнува информативната кампања за вредноста на бизнис советувањето и трансфер на практично знаење за малите и средни претпријатија. До 30 септември кампањата на ЕБОР ќе биде презентирана во Скопје, Битола и Тетово.

Информативната кампања, која започнува денеска на Универзитетот на ЈИЕ во Тетово, се фокусира на вредноста на знаењето за раст на бизнисот и постигнување комерцијален успех, како и на чекорите како да се дојде до практично знаење на субвенционирана основа со помош од ЕБОР. Вториот настан е утре во Битола, а на 30 септември во Скопје.

На промотивните настани ќе присуствуваат претставници на Владата, меѓународните организации, финансиските институции, МСП и бизнис асоцијациите.

Кампањата ќе се реализира во 25 земји, од ЈИЕ до Северна Африка, Русија и Централна Азија.

ЕБОР им помага на малите и средните претпријатија во Македонија и им овозможува пристап до бизнис советување од 1998 година, со донаторска финансиска поддршка од ЕБОР, Европската Унија, Велика Британија, Холандија, Централно европската иницијатива (ЦЕИ), Португалија, Норвешка, Луксембург и други билатерални донатори.

Преку 600 мали и средни компании имаат добиено советодавна асистенција за поддршка на нивниот раст и отварање на нови работни места.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП