Швајцарија со векови има репутација на исклучително уредена држава, во која се функционира токму како часовниците по кои е позната.
Следуваат 12 необични факти за оваа богата земја:
1. Доколку среде ноќ во Швајцарија падне снег, обичнио улиците целосно се затрупани. Меѓутоа можете да бидете сигурни дека ќе бидат исчистени до осум часот изутрината.
2. Во случај на нуклеарна војна Швајцарија има бункери, во кои може да се сместат сто проценти од населението на државата.
3. Во случај на војна автопатите можат да се претворат во писти за полетување и слетување на авиони со брзо отстранување на оградите, кои ги делат коловозните ленти за спротивната насока.
4. Швајцарија е толкумала, така што нејзините пилоти до неодамна не го пробиваа звучниот ѕид. Сепак се договориле со Французите дека за тие потреби можат да го користат францускиот воздушен простор.
5. Во Лозана, со цел да се оптимизира данокот за собирање на отпадот, направени се стандардизирани канти за отпад. Доколку фрлите повеќе отпад, повеќе ќе платите, а доколку не ги користите своите канти за отпад тогаш ќе платите казна.
6. Швајцарија има четири официјални јазици, германски, француски, италијански и реторомански. За да се разберат едни со други зборуваат англиски.
7. Швајцарските произведувачи на чоколадо, развија техника за производство на овој десерт со злато, кое се јаде.
8. Доколку Швајцарите сакаат да ја затвора својата земја, тоа би можеле да го сторат само неколку војници, бидејќи тунелите и бројните автопати имаат челични цевки, кои би можеле да бидат подигнати со притискање на копче. Во случај на инвазија, како барикади би се користеле одамна посадени стебла. Тие во тој случај би биле исечени и ставени на патиштата.
9. Сите Швајцарци возат автомобили, кои изгледаат како нови. Полицијата имено може да ги казни возачите, кои возат автомобил со оштетувања, дури и доколку станува збор за гребнатинка.
10. Многу компании вработуваат луѓе на работни места, кои можат да бидат автоматизирани, бидејќи швајцарската држава одлучила да ја укине невработеноста. Работодавачот, кој ќе вработи човек, наместо да купи машина, која ја врши истата функција, добива државни бенефиции.
11. Со еден билет можете да се возите во сите возила на јавниот сообраќај во целата држава.
12. Швајцарците на невработените им исплаќаат месечен надомест во период од две години од невработеноста, а во пакетот е вклучен и годишен одмор, патните трошоци за одмор и сместувањето.