25 јануари, 2025
ПочетнаКОМПАНИИСтрански експерт за чоколада во прилепска „Витаминка“

Странски експерт за чоколада во прилепска „Витаминка“

vitaminka222

Експерт од Германија обезбеден преку владиниот проект три недели го пренесуваше своето искуство за подобување на квалитетот и проиводството на чоколада во прилепската фабрика „Витаминка“.

„„Витаминка“ има технологија и врвни технолози, но секако многу битно беше што имавме експерт кој работел во многу големи компании, меѓу кои и „Нестле“ и да ни ги пренесе искуствата. Работевме за подобрување на вкусот и конзистенцијата на чоколадата во споредба со најпродаваните марки овде, како репер, наидовме на добра соработка. Од друга страна работевме и на рекомпонирањето на состојките на еден друг начин“, рече на денешната прес-конференција технологот и шеф на производството во „Витаминка“ Марјан Танески.

За експертот, Јоаким Чемба од Германија, „Витаминка“ располага со добра технологија и стручен кадар. Според него рецептот е во константното високо ниво на квалитетот и состојките. Некогаш е битно само нивно рекомпонирање, но во секој случај за врвната чоколада е пресудно квалитетното какао.

„На лице место сум да помогнам за квалиетот, производството, за понатамошното унапредување и усовршување. Ако се сака да се има врвен квалитет, треба да се земе врвно какао“, вели Јоаким Чемба, германски експерт за чоколада.

„Витаминка“ е подготвена преку владината програма да ангажира експерти и во другите кондиторските области. Особено што преку 42 отсто од производството пласира во светот. Се подготвува за новата инвестиција за производство на врвна чоколада, вредна два и пол милиони евра.

„Се се одвива навремено. Опремата е од врвниот производител „Милер“ за високотехнолошко производство на квалитетна чоколада. Кон крајот на март наредната година треба да биде тој рок испочитуван за да се донесе опремата и да почне првото производство“, вели Танески.

Владата ја почна втората фаза од ангажирањето експерти во македонските компании. Овие два месеца, нови 20-ина ќе им помагаат на фирмите да се развиваат, да го зголемат профитот и за економски раст во земјава. Освен експерти од Германија, Холандија, ЕБРД, Швајцарија, сега се ангажираат и од Италија и Австрија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП