4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМинистерот Незири на конференција во Будва

Министерот Незири на конференција во Будва

bekim-neziri

Министерот за економија Беким Незири денеска и утре ќе учествува на конференцијата „Економијата-основа за регионална соработка на западниот Балкан“, која се одржува во Будва, Црна Гора.

Конференцијата ќе ја отвори премиерот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ, а ќе учествуваат министрите од Албанија, Косово, Македонија, Црна Гора, Хрватска и Србија. Учесниците на конференцијата ќе ги претстават своите видувања на министерската панел дискусија на тема „Просперитет преку соработка – предизвиците на регионалната соработка на земјите од Југоисточна Европа на нивниот пат кон европската интеграција“.

Конференцијата е во организација на Стопанската комора на Црна Гора и Источниот оддел на германското стопанство.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП