25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСтаврески: Со проектот „Купи куќа, купи стан“ 331 семејство го реши станбеното...

Ставрески: Со проектот „Купи куќа, купи стан“ 331 семејство го реши станбеното прашање

stavreskizokizoranstavremk8uh98phg

Проектот „Купи куќа, купи стан“ наиде на голем интерес, особено кај младите брачни двојки, но и кај сите оние кои сакаат да го решат станбеното прашање, вели вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.

Тој информира дека досега 331 семејство добило станбен кредит, а Владата за таа цел исплатила два и пол милиони евра субвенции.

„Ако граѓанин сака да купи стан и му е потребен кредит од  50.000 евра, тогаш граѓанинот треба да плаќа практично околу 300 евра месечна рата. Од тие 300 евра, 150 евра месечно плаќа Владата, а 150 евра граѓанинот, односно половина од месечната рата ја плаќа Владата. Посебно е важно што тоа се прави во првите години кога е најтешко да се враќаат парите. Доколку станува збор за куќа исто на кредит од 50.000 евра, со месечна рата од 300 евра, 225 евра, односно 75 отсто покрива државата во првите 3 години, како и во 4-та и 5-та година, а граѓанинот треба да плати 75 евра. Се работи за исклучително поволни услови“, појасни Ставрески.

Втората можност, додаде тој, е Владата да помогне во обезбедувањето  средства за учество за да може граѓанинот да добие станбен кредит. Станува збор за финансиска поддршка која се движи од 6.000 до 12.000 евра, а се исплаќа однапред со цел граѓанинот да добие кредит со сопствено учество.

Владата од неодамна, како што посочи министерот за Радио Слободна Македонија, ги намали и каматните стапки на овој субвенциониран станбен кредит или 3,95 отсто за првите три години и 4,44 проценти за четвртата и петтата година.

Проектот продолжува и идната година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП