28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСтаврески: Финансиските зони по теркот на Луксембург

Ставрески: Финансиските зони по теркот на Луксембург

Stavrevski_zoran

Финансиските зони во Македонија ќе бидат формирани по терк на Луксембург и ќе влијаат на позитивно на економскиот раст, вели вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.

„Покрај растот на бруто домашниот производ, се очекува ефект за креирање работни места и тоа за лица со соодветно образование во делот на економијата, правото, сметководството и во делот на давање услуги за вработените таму и слично. Во Луксембурк, 25 проценти од БДП се создава од вакви финансиски услуги, а се регистрирани над 3.840 инвестициски фондови и се креирани 44.000 работни места“, вели Ставрески.

Тој потенцира дека Луксембург станува скап и оти тоа е шанса на Република Македонија. Зоната во Македонија ќе се формира со закон предложен од Владата и донесен од Собранието.

„На овој начин ќе овозможиме да се создаде уште еден центар за креирање работни места и за привлекување странски капитал што ќе ја етаблираат Република Македонија на соодветно место на финансиската мапа во Европа и во светот“, вели Ставрески во изјава за Радио Слободна Македонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП