25 јули, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНајскапите јахти во светот

Најскапите јахти во светот

1-eclipse-is-worth-1-billion

Дури и меѓу милијардерите сопственици на мегајахти, има конкуренција која јахта е најголема и најдобра.

На прославата на ,,Монако Јахт Шоу” беа претставени 10-те најскапи јахти на планетата.

 

10.Ал Мираб- 250 милиони долари

10-al-mirqab-is-worth-250-million

Ал Мираб е во сопственост на Хаманд бин Јасим бин Мухамед Ал Тани, поранешен премиер на Катар. 133 метарската јахта е произведена во 2008 година. Може да смести 24 гости во 12 луксузни апартмани. Јахтата вклучува и кино, базен, хелиодром и соба за екипаж од 55 луѓе.

 

9.Пелорус- 300 милиони долари

9-pelorus-is-worth-300-million-tie

Рускиот милијардер Роман Абрамович ја купил мегајахтата Пелорус во 2004 година. По разводот неговата сопруга ја наследи јахтата и ја продаде на Холивудскиот филмски могул Дејвид Гафен за 300 милиони долари.

115 метарската јахта има два хелиодроми и гаража полна со играчки, вклучувајки и џет-ски.

 

8.Ал Саид- 300 милиони долари

9-al-said-is-worth-300-million-tie

Ал Саид е произведена за Кабос бин Саид Ал Саид, султанот од Оман.

Масивната 155 метарска јахта има место за 70 гости и 154 луѓе од екипажот. Има хелиодром, лифт и сала за концерти каде може да смести 50 музичари.

 

7.Дубаи- 300 милиони долари

8-dubai-is-worth-300-million-tie

162 метарската јахта, Дубаи е една од најдолгите јахти во светот. Таа беше во сопственост на принцот Џефри Болкиах од Брунеи каде по една деценија користење му е продадена на Шеик Мухамед Рашид Ал Мактум, емир од Дубаи.

Јахтата Дубаи може да смести 115 гости и членови на екипажот, и има седум палуби, базен, соба за сквош, хелиодром, па дури и мала подморница.

 

6.Радиант- 320 милиони долари

6-radiant-is-worth-320-million

Првично купена од страна на рускиот олигарх Борис Березовски, каде подоцна беше продадена на Абдула Ал Футаим, милијардер, авто дилер од Обединети Арапски Емирати.

 

5.Серена- 330 милиони долари

5-serene-is-worth-330-million

Рускиот  дистрибутер на водка Јури Шефлерја поседува оваа јахта.

Поседува внатрешен и надворешен базен, 12 апартмани и надворешно кино.

 

4.А -390 милиони долари

4-a-is-worth-390-million

Оваа мега јахта му припаѓа на рускиот олигарх Андреј Мелниченко. Меѓу другите луксузни работи оваа јахта има чешми во бањата во вредност од 40.000 долари, огради на скалилата од 60.000 долаи и кревет кој се ротира само со притискање на едно копче, овозможувајки прекрасен поглед на изгрјсонце и зајдисонце.

 

3. Топаз- 520 милиони долари

3-topaz-is-worth-520-million

147 метарската Топаз е изградена во 2012 година од компанијата Лурсен. Цената изнесува 527 милиони долари и таа содржи џакузи, хелиодром, гаража, фитнес центар и кино.

Топаз е во сопственост на Мансур Бин Зајед Ал Нахјан, заменик премиер на Обединети Арапски Емирати, кој поседува богатство од 8,7 милијарди долари.

 

2.Азам- 600 милиони долари

2-azzam-is-worth-600-million

Мега јахтата Азам е во сопственост на Шеик Калифа бин Зајед ал Нахјан, претседател на Обединети Арапски Емирати.

На компанијата Лурсен и требаа четири години да ја изградат оваа мега јахта која има 50 приватни апартмани.

 

1.Еклипс- 1 милијарда долари

1-eclipse-is-worth-1-billion

Оваа мега јахта е во сопственост на рускиот олигарх Роман Абрамович.

Еклипс има два хелиодроми, диско, кино, фризерски салон, и ресторант, плус се шпекулира дека има ласерски одбрамбен систем против папараците кои сакаат да ги фотографираат гостите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП