26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Неоком“ претстави „cloud computing“ услуги од брендот „neoCloud“

„Неоком“ претстави „cloud computing“ услуги од брендот „neoCloud“

neoneov84r68g4

На македонскиот ИКТ пазар од денеска се достапни „cloud computing“ услуги  на компанијата „Неоком“ од портфолиото на брендот neoCloud и услуга vDC – виртуелен Дата центар.

Според раководството на компанијата, целта на  neoCloud  е да овозможи комплетна услуга во делот на ИКТ на сите потенцијални клиенти, без разлика на нивната големина и без инвестициски трошоци на принципот на месечно изнајмување ресурси и услуги. На овој начин, истакнуваат, се овозможува поголема агилност на клиентите и нивен фокус во примарната дејност на нивниот бизнис.

Со vDC услугата, пак, според менаџментот, клиентите имаат на располагање безбеден и високо достапен податочен центар во виртуелизирана околина. Со оваа услуга, според нив, се овозможува компаниите да добијат сопствен  дата центар без никакви инвестициски трошоци, а наплатата е базирана на месечни фактури според потрошените ресурси.

„Со инвестиција од неколку милиони евра и целата експертиза што ја поседуваме очекуваме дека neoCloud ќе се етаблира како број 1 „cloud computing“ решение во Македонија, а ќе биде примамлив и за корисници надвор од државата“, рече на прес-конференција Владислав Попов, генерален директор на Неоком ад.

На новите сервиси и услуги, укажа, се работело повеќе од една година,  со експертиза и стратешко партнерство со HP i  VWware.

Според Диме Цветковски, директор на продажба, маркетинг и системска интеграција во „Неоком“, neoCloud  е плод на долгогодишно искуство и висока експертиза на Неоком ад на полето на cloud computing технологиите. „Секоја компонента на системот е удвоена во два одделни  дата центри во Скопје и во Штип, кои функционираат како една целина во активен/активен режим на работа за максимална висока достапност на нашите услуги“, рече Цветковски.

Големо внимание, додаде, посветивме и на безбедноста што е приоритет број еден на овој тип услуги. Имплементиравме соодветни решенија за задоволување  на светските стандарди за безбедност, доверливост и интегритет на податоците,  како и македонските стандарди за заштита на личните податоци, наведе Цветковски.

На новинарско прашање  како гледаат на конкуренцијата со оглед дека на пазарот се присутни компании со „клауд“ услуги Цветковски истакна  дека во пазарната економија  конкуренцијата е природна, здрава и добредојдена и за корисниците и за операторите.

„Таа е стимул да бидеме повеќе  фокусирани и инвентивни во делот на услугите. Сметаме дека сепак „неоклаудот“ во дадениот  момент е првото вистинско клауд решение во Македонија токму во делот на автоматизација на процесите, што е суштината на клауд компјутингот, а е недостаток кај конкуренцијата“, наведе Цветковски.

Според Трајче Черепналковски, генерален директор на „Неоком“, 10 години по основањето на интернет и телеком провајдерот „Неотел“ заеднички создаваат сериозен нов сервис.

„Мрежата која ја изградивме е базираната на оптичката технологија и таа инфраструктура ни овозможува  во нео клаудингот да се вклучиме со исклучителни можности за понуда на капацитети и  поврзување, потполна заштита на сервисите и податоците кои ќе се чуваат во систем салите каде ќе биде лоциран неоклудот“, рече Черепналковски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП